• петок, 12 јули 2024

Давидовски на Спа ќе вози против најдобрите од ТЦР Светската серија

Давидовски на Спа ќе вози против најдобрите од ТЦР Светската серија

Спа, 27 мај 2023 (МИА) - Третиот викенд на ТЦР Европа се вози на легендарната патека Спа Франкоршамп во Белгија, каде што повторно е предвидено најдобрите пилоти од „Стариот Континент“ да возат заедно со учесниците од ТЦР Светската серија.

 

Новиот формат во борбата за светската титула предвидува ТЦР Светската серија да се вози заедно со повеќе различни ТЦР првенства, а на крајот од годината да се направи посебен настан на којшто право на учество ќе добијат 60 најдобри возачи, кои ќе се борат за светската круна.

 

Меѓу нив со свои шанси е и македонскиот возач Виктор Давидовски, кој на денешните квалификации на Спа Франкоршамп го освои петтото место во конкуренција на возачите на ТЦР Европа, додека меѓу сите 23 учесници е рангиран на 13 место.

 

Првата трка се вози попладнево со почеток во 15:30, а втората ќе биде утре со почеток од 12:40 часот. зс/

Остани поврзан