• среда, 24 април 2024

Г.г. Стефан отслужи молебен на гробот на Св. Кирил Солунски во Рим

Г.г. Стефан отслужи молебен на гробот на Св. Кирил Солунски во Рим

Скопје, 27 февруари 2024 (МИА) - По повод 1155-годишнината од блаженото упокојување на Сесловенскиот просветител свети Кирил Солунски, на денот кога се празнува неговиот спомен, пред неговиот гроб во базиликата „Свети Климент“ („San Clemente“) во Рим, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан отслужи молебен кон светителот. На молебенот сослужуваа и митрополитот Европски г. Пимен и митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, објави црковно-информативниот портал „Литургија.мк“.

Меѓу присутните беа и директорот на Комисијата за верски прашања (КОВРЗГ) Даријан Сотировски, амбасадорот на Република Македонија во Ватикан Марија Ефремова, амбасадорот во Рим Весел Мемеди и проф. д-р Ѓоко Ѓорѓески од Православниот Богословски факултет во Скопје.са/

Фото: Литургија.мк

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан