• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Гутереш: Украина има легитимна влада

Гутереш: Украина има легитимна влада

Њујорк, 28 март 2025 (МИА) - Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска го отфрли предлогот на рускиот претседател Владимир Путин дека Украина може да биде ставена под форма на привремена администрација под покровителство на Обединетите нации, за да се дозволат нови избори.

„Пред сè, во Украина има легитимна влада и очигледно таа мора да се почитува“, рече Гутереш на прашањето на новинарите да ги коментира изјавите на Путин.

Гутереш, исто така, истакна дека ОН не учествуваат во преговорите што САД ги водат одделно со Украина и Русија за безбедноста на Црното Море.

Путин во четвртокот предложи да се одржат разговори за воведување надворешна „привремена администрација во Украина“. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан