• среда, 17 јули 2024

Гутереш: Крајно време е да запре опасниот круг на одмазди на Блискиот Исток

Гутереш: Крајно време е да запре опасниот круг на одмазди на Блискиот Исток

Њујорк, 19 април 2024 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска предупреди дека „крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазди на Блискиот Исток“, објави портпаролот Стефан Дијарик.

Дијарик изјави дека Гутереш го осудува секој чин на одмазда и апелира до меѓународната заедница да работи на спречување на понатамошниот развој на ситуацијата што може да доведе до катастрофални последици за целиот регион на Блискиот Исток и пошироко.

Неименуван ирански функционер претходно денеска, по извештаите на светските медиуми дека Израел извршил напад на иранска територија и дека одекнале експлозии во иранскиот град Исфахан, изјави дека не е потврдено дека инцидентот бил предизвикан од странство.

„Не идентификувавме никаков надворешен напад, а истрагата повеќе се стреми кон некој што се инфилтрира, наместо кон напад што дошол надвор од земјата“, рече официјалниот претставник. Тој изјави дека Иран нема непосредни планови да му се одмазди на Израел.

Американски функционер претходно изјави за Си-Ен-Ен дека Израел го нападнал иранскиот град Исфахан како одмазда за иранскиот напад врз Израел на 13 април, а иранските медиуми објавија дека три беспилотни летала биле соборени над Исфахан.

Иран го нападна Израел на 13 април со околу 300 беспилотни летала и проектили како одмазда за израелскиот напад врз конзулатот во Дамаск на 1 април, во кој загинаа командантот на иранската револуционерна гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик, како и петмина полицајци кои ги придружувале. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан