Грчко МНР: Да ја интензивираме колективната борба против антисемитизмот, расизмот, нетолеранцијата и дискриминацијата
- Наша должност е да ја интензивираме колективната борба против антисемитизмот, расизмот, нетолеранцијата и дискриминацијата и да работиме заедно за мирен соживот на луѓето, истакнаа од Министерството за надворешни работи на Грција во соопштението за Меѓународниот и национален ден на сеќавање на Евреите жртви на Холокаустот, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 27 јануари 2025 (МИА) – Наша должност е да ја интензивираме колективната борба против антисемитизмот, расизмот, нетолеранцијата и дискриминацијата и да работиме заедно за мирен соживот на луѓето, истакнаа од Министерството за надворешни работи на Грција во соопштението за Меѓународниот и национален ден на сеќавање на Евреите жртви на Холокаустот, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчкото МНР, по повод 80-годишнината од ослободувањето на Аушвиц, посочуваат дека меѓу шесте милиони Евреи, кои беа истребени од нацистите низ цела Европа, 67.151 беа Грци.
- Денес, кога со нас се само неколкумина преживеани, се зголемува должноста на сите нас и товарот на одговорност да ги пренесеме почитта, знаењето и сеќавањето на Холокаустот на помладите генерации, така што „НИКОГАШ ПОВТОРНО“ да не се повтори најгрозоморното злосторство, масовното убиство, за време на Втората светска војна, против самото човештво, соопштија од грчкото МНР. ср/