• недела, 22 декември 2024

Грција испрати четири авиони во Албанија за справување со шумските пожари

Грција испрати четири авиони во Албанија за справување со шумските пожари

Атина, 10 јули 2024 (МИА) – Четири противпожарни авиони, два од типот PZL и два Канадери испратила Грција во Албанија за помош во справувањето со шумските пожари на југот на земјата, јави дописничката на МИА од Атина. 

Од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција соопштија дека два од авионите биле испратени вчера, останатите два денеска, а помошта е преку Европскиот механизам за цивилна заштита, активиран на барање на албанската Влада.

- Се посочува дека грчката Влада и конкретно Министерството за климатски кризи и цивилна заштита веднаш одговорија на барањето на Албанија за поддршка преку Европскиот механизам и покрај тоа што оперативните потреби на Грција поради временските услови се многу големи, соопштија од надлежното Министерство. ср/паг/

Остани поврзан