• вторник, 16 јули 2024

Грузија и Чешка остануваат без победа и по второто коло на Евро 2024

Грузија и Чешка остануваат без победа и по второто коло на Евро 2024

Хамбург, 22 јуни 2024 (МИА) – Репрезентациите на Грузија и на Чешка одиграа нерешено 1:1 попладнево во Хамбург, во натпревар од 2. коло во Ф-групата.

Избраниците на селекторот Вили Сањол го отворија резултатот од пенал преку Жорж Микаутадзе во 45+4 минута. 

Во вториот дел чешкиот репрезентативен напаѓач Патрик Шик го израмни резултатот.

Грузија и Чешка имаат освоено по 1 бод по два натпревари на ЕП 2024 и за пласман во осминафиналето ќе бркаат победа во последното коло од групната фаза.

Од 18 часот играат Португалија и Турција по што ќе биде комплетирано 2. коло во оваа група. 

На 26 јуни Грузија игра со Португалија, Чешка истиот ден ќе се сретне со Турција. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан