• недела, 24 ноември 2024

Грузиската владејачка партија повторно го воведе законот за „странски агенти“

Грузиската владејачка партија повторно го воведе законот за „странски агенти“

Тбилиси, 3 април 2024 (МИА) - Грузиската владејачка партија соопшти дека повторно го поднесува до парламентот контроверзниот нацрт-закон за „странски агенти“, кој го откажа во март минатата година по избувнувањето на масовните протести, објавија британски медиуми.

Партијата Грузиски сон, која Западот и локалните опозициски партии ја обвинуваат за авторитаризам и проруска ориентација, рече дека новиот текст ќе биде речиси идентичен со претходниот и дека ќе биде усвоен до крајот на тековната парламентарна седница. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан