Грос потпиша за Борусија Дортмунд
- Германскиот репрезентативец Паскал Грос е нов фудбалер на Борусија Дортмунд, објави денеска бундеслигашот.
![Грос потпиша за Борусија Дортмунд](https://mia.mk/images/20240801150309_big_730x400_50.webp )
Дортмунд, 1 август 2024 (МИА) – Германскиот репрезентативец Паскал Грос е нов фудбалер на Борусија Дортмунд, објави денеска бундеслигашот.
Договорот на 33-годишниот германски репрезентативец е на две сезони, со опција за продолжување на уште една.
Борусија на англиски Брајтон ќе му плати отштета од седум милиони евра и бонуси во зависност од ефектот на играчот за врска во следните првенства.
Грос е поранешен фудбалер на Инголштад, Хофенхајм и Карлсруе. Играчот од средниот ред се пресели во Брајтон во 2017 година и лани дебитираше во составот на Германија. ег ФОТО: Фејсбук