Гроси: Проблем е војната, а не нуклеарните централи
- Опасноста од воени напади врз нуклеарните централи не е аргумент против нивната работа и изградба. Проблемот е во војната, а не во нуклеарните централи, изјави генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, кој учествува на Самитот за климата КОП29 во Баку
Баку, 13 ноември 2024 (МИА) – Опасноста од воени напади врз нуклеарните централи не е аргумент против нивната работа и изградба. Проблемот е во војната, а не во нуклеарните централи, изјави генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, кој учествува на Самитот за климата КОП29 во Баку.
Тој, за германската новинска агенција ДПА, наведе дека руската окупација на нуклеарната централа Запорожје е изолиран случај.
Многу, многу жално е тоа што се случи, но да се зборува против нуклеарните централи поради војната во Украина е како да се менуваат правилата во лет за да се најде нов аргумент, истакна Гроси.
Директорот на МААЕ неколку пати ја посети нуклеарната централа Запорожје по руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година. ми/
фото: МИА архива