• четврток, 14 ноември 2024

Гроси пред средбата со Путин: Напнати разговори со руски претставници

Гроси пред средбата со Путин: Напнати разговори со руски претставници

Москва, 6 март 2024 (МИА) - Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, денеска изјави дека со рускиот претседател Владимир Путин ќе разговара за нуклеарната централа Запорожје, додавајќи дека разговорите со другите руски претставници беа напнати, пренесе Бета.

Нуклеарната централа во Запорожје во јужна Украина е под руска контрола од март 2022 година.

Гроси е во посета на Русија и треба да се сретне со Путин во Сочи.

Тој веќе разговараше со претставници на руската државна компанија за нуклеарна енергија, како и со претставници на Министерството за одбрана и Министерството за надворешни работи.

Кремљ денеска објави дека Путин ќе се сретне со Гроси. Шефот на МААЕ последен пат се сретна со Путин во октомври 2022 година.

Тој пред новинарите во Виена изјави дека смета дека е важно да се одржи дијалогот со двете страни и додаде дека ситуацијата со најголемата нуклеарна централа „се уште е многу кревка“.

МААЕ постојано изразува загриженост за централата во Запорожје поради стравувањата од потенцијална нуклеарна катастрофа. Фабриката повеќепати беше во вкрстен оган од 24 февруари 2022 година, кога Русија испрати војници во Украина и го зазеде објектот набргу потоа.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан