• понеделник, 13 мај 2024

Грковска во Атина: Вештините на јавната администрација мора постојано да се унапредуваат, особено во делот на дигитализацијата

Грковска во Атина: Вештините на јавната администрација мора постојано да се унапредуваат, особено во делот на дигитализацијата

Скопје, 1 ноември 2023 (МИА) - Административниот систем во една држава е од големо значење, бидејќи, од една страна, треба да е на услуга на граѓаните, а од друга, да е носител на реформските процеси, истакна вицепремиерката Славица Грковска на денешниот работен состанок со заменик-претседателот на Националната школа за јавна администрација на Грција Василис Егзархос во Атина.

Во таа насока, додаде Грковска, Северна Македонија е посветена на реформите кои ќе го зајакнат административниот капацитет на државата, имајќи предвид дека иако во администрацијата има превработеност, сепак има недостаток на стручни кадри, известуваат од нејзиниот кабинет.

- Егзархос информираше дека главниот фокус на Националната школа за администрација се обуките на јавната администрација, кои се усогласени со описот на работните задачи што конкретниот административец ги извршува. Тој предложи, во соработка со македонските власти, заеднички да работат на обуки на администрацијата преку твининг програми на Европската Унија, кои се наменети за држави кои не се членки на Европската Унија, соопштуваат од кабинетот на Грковска.

На средбата се разговарало и за реформите кои Грција ги спроведува во однос на високораководната служба во јавната администрација, кои ќе бидат висококвалификувани јавни службеници.

- Вицепремиерката Грковска нагласи дека мора да се работи на јакнење на вештините, на интегритетот и одговорноста кај административните службеници, но и на нивно обучување во делот на дигитализацијата, за што искуството и праксата на Грција може да биде од значајна корист, известуваат од кабинетот на вицепремиерката.

Грковска информирала дека нашата држава во моментов работи на подготовка на целосно нови законски решенија за административни службеници, за вработени во јавен сектор, како и за високораководна служба, од кои се очекува да обезбедат зајакнување на мерит системот при вработувањето во јавната администрација. ир/са/

 

Фото: Кабинет на вицепремиерката Грковска

Остани поврзан