• вторник, 16 јули 2024

Грифин: Во Бостон се работи сериозно, не е секаде така

Грифин: Во Бостон се работи сериозно, не е секаде така
Бостон, 10 октомври 2022 (МИА) - Дебитантот во Бостон селтикс, Блејк Грифин ги сподели своите впечатоци од тренинзите со тимот. - Овде има различно ниво на став кон оваа работа, посериозен. Не сум навикнат на ваква атмосфера, на добар начин. Тренингот беше фокусиран и корисен. Возбуден сум. Не го земам ова како задолжение, бидејќи тоа не се случува насекаде, призна Грифин. Претходно, кошаркарот настапуваше за Бруклин нетс. Минатото лето, ѕвездите на Нетс, Кевин Дурант и Кајри Ирвинг бараа можности за промена на тимовите. Ирвинг ги пропушти повеќето домашни натпревари на Бруклин минатата сезона поради неговото одбивање да се вакцинира. Ваквата ситуација во Бруклин го натера Грифин да ја смени клупската средина. зс/

Остани поврзан