• петок, 19 јули 2024

Грин за Јокиќ и Ембид: Двајца од највештите играчи во лигата, претендираат на МВП

Грин за Јокиќ и Ембид: Двајца од највештите играчи во лигата, претендираат на МВП
Сан Франциско, 25 април 2021 (МИА) – Кошаркарот на Голден Стејт, Дрејмонд Грин, искажа пофални зборови за Никола Јокиќ од Денвер и Џоел Ембид од Филаделфија. - Двајцата се сериозни кандидати за МВП. Од мене се потешки добри 20 килограми и повисоки најмалку 15 сантиметри. Самото тоа создава свои проблеми. Тие се двајца од највештите играчи во НБА-лигата, без оглед на позицијата. За да ги задржите, треба да ги принудите на тешки шутеви. Овие момци се способни да фрлат тврда топка, но ако ги задржите да упатуваат тешки удари 48 минути, ќе бидете задоволни со резултатот, рече Грин. Дрејмонд Грин игра на позиција крилен центар. Тој вчера со 12 скокови и 19 асистенции имаше голем придонес во победата (118:97) на Голден Стејт над Денвер нагетс. зс/

Остани поврзан