• петок, 19 јули 2024

Грин: Ако Милвоки сака да ја добие серијата со Бруклин, мора да ја сменат играта

Грин: Ако Милвоки сака да ја добие серијата со Бруклин, мора да ја сменат играта
Сан Франциско, 6 јуни 2021 (МИА) – Кошаркарот на Голден Стејт, Дрејмонд Грин им даде совет на играчите на Милвоки кои загубија од Бруклин во натпреварот број 1 од серијата од втората рунда на плејофот. - Ако Бакс сакаат да ја добијат оваа серија, тие мора да престанат да играат „пик-ен рол“ со Адетокумбо како носач на топки. Премногу е предвидливо во серијата од седум натпревари против тим со исти или повеќе талентирани играчи, напиша Грин на Твитер. Бруклин нетс води со 1-0 во четвртфиналето од НБА-плејофот. За пласман во полуфиналната фаза треба да се стигне до четири победи. Следниот меѓусебен натпревар двете екипи ќе го играат ноќта понеделник кон вторник повторно на теренот на Бруклин. зс/

Остани поврзан