• петок, 22 ноември 2024

Гран при на Малезија може да се врати во календарот на Ф1 во 2026 година

Гран при на Малезија може да се врати во календарот на Ф1 во 2026 година

Лондон, 31 јануари 2024 (МИА) - Трката од Формула 1 шампионатот во Сепанг би можела да се врати во 2026 година.

Според Ројтерс, повикувајќи се на три независни извори, зад проектот стои малезиската државна нафтена компанија „Petroliam Nasional“, попозната како „Petronas“ во Формула 1.

Малезија беше домаќин на Големата награда на Формула 1 од 1999 година, но последната трка таму се одржа во 2017 година. После тоа, поради намалувањето на продажбата на билети и зголемените трошоци за одржување на натпревари, Формула 1 трката мораше да се напушти. 

Во исто време, Мото ГП етапата редовно се одржува во Сепанг. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан