Грант од 50.000 долари за Кавадарци за изградба на велосипедска патека до Тиквешко Езеро
- Објавен е Третиот повик во рамките на Фондот за техничка документација за финансирање техничка документација за инфраструктурни проекти од областа на животната средина. Кавадарци е една од квалификуваните општини на која ѝ е доделен грант од 50.000 долари, наменет за изработка на техничка документација за основен и урбанистички проект: „Изградба на велосипедска патека до Тиквешкото Езеро“ аплициран од сектор Локален економски развој при Општина Кавадарци, информираше попладнево градоначалникот Митко Јанчев на неговата „Фејсбук“ - страница.
Кавадарци, 11 ноември 2025 (МИА) - Објавен е Третиот повик во рамките на Фондот за техничка документација за финансирање техничка документација за инфраструктурни проекти од областа на животната средина. Кавадарци е една од квалификуваните општини на која ѝ е доделен грант од 50.000 долари, наменет за изработка на техничка документација за основен и урбанистички проект: „Изградба на велосипедска патека до Тиквешкото Езеро“ аплициран од сектор Локален економски развој при Општина Кавадарци, информираше попладнево градоначалникот Митко Јанчев на неговата „Фејсбук“ - страница.
-Овој проект не е само инфраструктура. Тоа е визија за подобар квалитет на живот, развој на рекреацијата и туризмот и поврзување на градот со природата што нѐ опкружува. Целта е да се создаде патека што хармонично ќе се вклопи во околината и ќе стане симбол на одржлив развој на нашиот регион, појасни градоначалникот. свд/вј/
Фото: МИА архива