• понеделник, 25 ноември 2024

Градски завод Белград: За седум дена уште 69 пациенти со голема кашлица

Градски завод Белград: За седум дена уште 69 пациенти со голема кашлица

Белград, 29 јануари 2024 (МИА) - Во изминатите седум дена на подрачјето на Белград се регистрирани 69 нови случаи на голема кашлица, соопшти Градскиот завод за јавно здравје. Од март 2023 година до вчера се регистрирани вкупно 700 случаи на таа болест.

Најголем број заболени има кај децата на возраст од 10-19 години (466 - 66,6 проценти), а меѓу нив водечки се децата на возраст од 12 години (89 пациенти - 19,1 проценти), 13 години (83 пациенти - 17,8 проценти) и 14. години (72 пациенти - 15,4 проценти).

Меѓу најмладите, на возраст до четири години, има 66 заболени (9,4 отсто), пишува на сајтот на Градскиот институт во „информација за моменталната епидемија на голема кашлица на територијата на Белград“. 

Според статусот на вакцинација, од 700 пациенти, 460 (65,7 отсто) биле целосно вакцинирани, 39 пациенти (5,6 отсто) биле нецелосно вакцинирани, додека 43 (6,1 отсто) деца на возраст до три години биле невакцинирани.

Кај 158 пациенти, статусот на вакцинација е непознат (22,6 отсто), додаваат од Градскиот завод за јавно здравје.

Со цел сузбивање на епидемијата и спречување на појава на нови случаи на болеста, предложени и преземени се антиепидемиски мерки, вклучувајќи изолација и лекување на болните, како и вакцинација на сите невакцинирани и нецелосно вакцинирани деца на возраст под од 13. ссм/

Остани поврзан