• петок, 05 декември 2025

Градоначалникот Јанков назначи в.д. директори на „Комуналец“ и „Паркиралишта“

Градоначалникот Јанков назначи в.д. директори на „Комуналец“ и „Паркиралишта“

Струмица, 14 ноември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Струмица, Петар Јанков денеска објави на неговиот фејсбук профил дека ги назначил Кире Синдраковски за в.д. директор на ЈКПД „Комуналец“ Струмица и Александар Петровски на ЈП „Паркиралишта Струмица“.

-И двајцата ги познавам како чесни и енергични луѓе кои доаѓат од приватниот сектор каде успешно работат повеќе години. Се надевам и побарав од нив лично да го вложат својот целокупен човечки, професионален потенцијал и заедно со кадрите во претпријатијата и граѓаните да направиме промени во работата и услугите на овие претпријатија, напиша струмичкиот градоначалник.

Инаку, Синдраковски е член на Советот на Општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и по назначувањето за директор на комуналното претпријатие неговото место во Советот ќе го преземе наредниот од листата.рт/вј/

Фото: ФБ Петар Јанков

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан