• среда, 24 април 2024

Градоначалникот Таравари се сретна со Јожеф Нозе, претставник на компанијата GH Holding

Градоначалникот Таравари се сретна со Јожеф Нозе, претставник на компанијата GH Holding

Скопје, 20 март 2023 (МИА) - Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари денеска се сретрна со Јожеф Нозе, претставник на компанијата GH HOLDING од Љубљана, која се занимава со иновативна технологија за преработка на отпад.На средбата, како што информираат од општина Гостивар, се презентираа три иновативни еколошки технологии: преработка на фекални води, преработка на ѓубрива и нивно претворање во енергија.

-Преку иновативните технологии се заштитува животната средина и здравјето на луѓето, се намалуваат трошоците за управување со отпадот, а се произведува енергија во форма на топла вода, пареа или струја. Општина Гостивар ќе ја разгледа можноста за имплементација на ваквите иновативни технологии во Гостивар, порачуваат од општината.вј/са/

Фото: Општина Гостивар

Остани поврзан