• среда, 17 јули 2024

Градоначалникот Стојанов организираше прием за младите фудбалери на ГФК ,,Неготино"

Градоначалникот Стојанов организираше прием за младите фудбалери на ГФК ,,Неготино
Неготино, 6 март 2023 (МИА) - Градоначалникот Горан Стојанов денеска организираше прием за младите фудбалери на ГФК Неготино, информираа од прес службата при неготинската локална самоуправа. 
 
- Тие беа дел од Меѓународниот фудбалски турнир ,,Петрич куп 2023", во Бугарија. Клубот се натпреваруваше со две генерации, 2009/2010 и генерација 2014 година. Генерацијата 2014 го освои Петрич купот, прво место. Најдобар голман на турнирот за оваа генерација беше Дане Думов, соопштија од Службата за односи со јавноста при Општината. 
 
Генерацијата 2009/2010 освоила четврто место. Најдобар стрелец во оваа генерација бил Петар Смилков. 
 
- Пет дена во Петрич, Бугарија,  фудбалерите достојно и на најдобар можен начин го претставија градот Неготино и фудбалскиот клуб.Во разговор со шампионите, градоначалникот им посака уште поголеми успеси, бидејќи овие млади фудбалери се иднината на фудбалот во Неготино, а Општината ќе продолжи и во иднина да дава поддршка на сите спортски клубови, информираа од прес службата при локалната самоуправа. свд/дма/
 
фото : Општина Неготино 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан