• сабота, 06 јули 2024

Градоначалникот на Штип во работна посета на збратимениот град Сплит

Градоначалникот на Штип во работна посета на збратимениот град Сплит

Штип, 12 септември 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска  е во еднодневна посета на Сплит, каде што оствари средба со неговиот колега градоначалникот Ивица Пуљак.

Во соопштението од кабинетот на штипскиот градоначалник се посочува дека соработката меѓу збратимените Сплит и Штип во иднина ќе продолжи во областа на образованието, културата и економијата, се со цел ширење на пријателството и продлабочување на соработката помеѓу овие два града.

Општините Сплит и Штип договор за збратимување имаат потпишано во 1980 година. вдј/

 

Остани поврзан