• понеделник, 25 ноември 2024

Градоначалникот на Тетово во посета на општини во Турција со фокус на проекти за инфраструктура

Градоначалникот на Тетово во посета на општини во Турција со фокус на проекти за инфраструктура

Тетово, 30 октомври 2024 (МИА) - Повеќе прашања од заеднички интерес за подобрување на услугите и инфраструктурните проекти во двете земји биле во фокусот на средбата помеѓу градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами со Унијата на турските општини во светот, информираат денеска од Канцеларија за комуникации и односи со јавноста при Општина Тетово. 

- Во рамките на оваа средба, градоначалникот Касами ја истакна посветеноста на Општина Тетово за зајакнување на односите меѓу локалните институции и за искористување на успешните искуства и практики на Унијата на турските општини. Двете страни разговараа и за идните активности на Унијата во повеќе различни земји, меѓу кои и Тетово, со фокус на проекти кои имаат за цел развој на заедниците преку градење на инфраструктура и подобрување на јавните услуги, соопштија од Општина Тетово.

Оттаму посочуваат дека оваа посета ја нагласува посветеноста на Општина Тетово за зголемување на нејзините капацитети и подобрување на квалитетот на живот на нејзините граѓани преку меѓународна соработка.

- Општина Тетово продолжува да гради мостови на пријателство и соработка со меѓународни партнери, со цел да обезбеди одржливи решенија и нови проекти за нашите граѓани, се вели во дописот на Општина Тетово.ас/ар/
Фото: Општина Тетово 

Остани поврзан