Градоначалникот на Пласница во посета на Дебар и Центар Жупа
- Во посета на Дебар и Центар Жупа денеска беше градоначалникот на Пласница, Алија Јаоски.
Дебар, 4 јули 2025 (МИА) - Во посета на Дебар и Центар Жупа денеска беше градоначалникот на Пласница, Алија Јаоски.
-За време на нашата средба, имавме отворен и пријателски разговор, споделувајќи ги нашите искуства како градоначалници за менаџерските предизвици, перспективите за локален развој и проектите што додаваат вредност на нашите заедници, објави Хекуран Дука, градоначалник на Дебар.
Оваа комуникација, оценува тој, е добра можност за зајакнување на соработката и изнаоѓање заеднички решенија за напредокот на нашите општини.
За посетата објави и Јахоски кој наведува дека со Дука размениле идеи и искуства поврзани со унапредување на општинските капацитети и локалниот развој.
На средбата со градоначалникот на Центар Жупа, Аријан Ибраим, станало збор околу можностите за зајакнување на соработката меѓу општините, како и за проекти поврзани со туризмот, инфраструктурата и одржливиот развој на регионот.
-Овие средби претставуваат важен чекор во насока на заедничко делување и создавање подобри услови за граѓаните, преку соработка, размена на добри практики и заедничка визија за напредок, оценува Јахоски.
Тој за време на престојот во Жупа го посетил и музејот на Мустафа Кемал Ататурк, во село Коџаџик, родното место на неговиот татко. вт/сст/
Фото: Општина Дебар ФБ