Градоначалникот на Кавадарци го посети првото бебе родено оваа година
- Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев попладнево го посети првото бебе родено оваа година во кавадаречката Болница. Се работи за женско бебе, а второроденото е машко.
Кавадарци, 1 јануари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев попладнево го посети првото бебе родено оваа година во кавадаречката Болница. Се работи за женско бебе, а второроденото е машко.
- Овде ги имаме сите предуслови и квалитети за услуги, болницата секогаш ќе ја има поддршката на Општината и општествено одговорните компании, изјави градоначалникот.
Претходно, директорката на оваа здравствена установа Гордана Ѓорчева - Камчева за МИА информираше дека бебето е родено спонтано, 28 минути по полноќ.
- Бебето се роди со тежина од 2.550 грама и 51 сантиметар должина, појасни Ѓорчева - Камчева.
Мајката Ивона е од Кавадарци, родена во 1997 година. свд/бак/
Фото: МИА