Општина Струмица и Фондацијата „Нова Генерација“ доделија 74 стипендии на ученици од основните и средните училишта
- Општина Струмица и Фондацијата „Нова Генерација“ доделија вкупно 74 стипендии на ученици од основните и средните училишта во Општината за учебната 2025/2026 година.
Струмица, 2 јануари 2026 (МИА) - Општина Струмица и Фондацијата „Нова Генерација“ доделија вкупно 74 стипендии на ученици од основните и средните училишта во Општината за учебната 2025/2026 година.
Како што е објавено на официјалната страница на Општина Струмица, 41 стипендии се доделени на основци, а 33 на средношколци, односно стипендиите во износ од 2.000 и 2.500 денари се доделуваат во времетраење од девет месеци.
Од вкупниот број стипендии Фондацијата „Нова Генерација“ додели 10 стипендии на редовни ученици во средните училишта и 13 на ученици од основните училишта.
Право на учество на Јавниот повик имаа сите ученици кои во текот на претходната учебна година имаат освоена прва, втора или трета награда на меѓународен, државен, регионален или општински натпревар.
Решенијата за добивање на стипендиите ќе им бидат врачени на учениците на посебен настан, за кој ќе бидат навремено информирани. рт/аа/
Фото: МИА архива