• понеделник, 25 ноември 2024

Го поканила семејството на свадба во Мексико, а тие ја киднапирале заради принуден брак со друг, за 500.000 американски долари

Го поканила семејството на свадба во Мексико, а тие ја киднапирале заради принуден брак со друг, за 500.000 американски долари

Лос Анџелес, 27 февруари 2023 (МИА) - Една девојка го поканила семејството на нејзината свадба во Мексико, а тие ја киднапирале заради договорен присилен брак со друг маж, за 500.000 американски долари, и ја префрлиле во Јемен.

„Ти веќе не си на Запад, ти си сега на Блискиот Исток, а жените како тебе тука се убиваат“, ѝ рекол таткото Калед Абуганем на својата ќерка, според правосудните органи на САД.

Американката која се обидела да ја прослави својата свадба во Мексико, лани во септември го поканила своето семејство во Гвадалахара. Наместо тоа, татко ѝ, мајката и браќата сковале заговор да ја киднапираат во обид да ја принудат да се омажи за друг маж од Јемен.

Неименуваната жртва била измамена од нејзиното семејство да го напушти Мексико и да отпатува во САД. Притоа, татко ѝ ѝ ветил дека ќе го поддржи нејзиниот брак со свршеникот, кого таа го познавала девет години.

Наместо тоа, во Мексико нејзиното семејство прво се обидело да изнуди мираз од 30.000 долари од „несудениот младоженец“, па Калед ѝ се заканил на својата ќерка дека ќе ја фрли од 12-от кат на хотелот каде што престојувале... А, следниот ден, таткото, наводно, „се премислил“ и се согласил за бракот - но само ако тој биде домаќин на свадбата во САД.

Ќерката се согласила да се врати во САД...

Но, само што стапнала во домот на нејзиното семејство, таа е затворена и е под постојан надзор. Кусо потоа девојката е принудена да се качи на лет за Египет, каде што нејзините имале намера за брак со другиот маж - во Египет или Јемен, за половина милион американски долари.

„На жртвата ѝ било кажано дека ако не се согласи со договорениот брак, таа ќе биде затворена во нејзиниот дом без контакт со надворешниот свет засекогаш и нејзиниот свршеник ќе биде убиен“, е наведува во изјава во судските документи.

Властите во САД водат случај против нејзиниот татко, Калед и брат ѝ Валид, кои дури и имале намера да ја убијат девојката.

„Жртвата верува дека таа ги преживеала нападите поради интервенцијата на нејзината мајка“, соопштува судот. Нејзиниот татко, наводно, изјавил: „Требаше да те убијам пред да го напуштам Јемен, ти кучко! Мојата најголема грешка беше што остана жива“.

Не се знае дали мајката на девојката ќе се соочи со обвиненија за нејзина вмешаност во присилниот превоз на нејзината ќерка во Јемен.

Девојката е сè уште во Јемен, но добива поддршка преку неименувана непрофитна организација и од дел од семејството, според судските документи. Таа, според наводите, била туркана по скали, камшикувана и давена од нејзиниот татко. Податоците се добиени од царински записи, сведочење од нејзиниот свршеник, пишани пораки меѓу Калед и Валид Абуганем, и тајни е-мејлови испратени од самата жртва.  си/сд/

Остани поврзан