• четврток, 25 јули 2024

Гостивар ја совлада Македонија ЃП на отворањето на 18. коло во ПМФЛ

Гостивар ја совлада Македонија ЃП на отворањето на 18. коло во ПМФЛ

Гостивар, 9 декември 2023 (МИА) – На отворањето на 18. коло во Првата македонска фудбалска лига, попладнево во Гостивар, истоимената домашна екипа славеше победа над Македонија ЃП со 1:0.

Стрелец на победничкиот гол беше Нигериецот Ланре Кехинде во 88. минута од пенал.

Утре играат: 
АП Брера Струмица – Шкупи
Шкендија – Силекс 
Струга ТЛ – Брегалница
Вардар – Тиквеш
Воска Спорт – Работнички.

Сите натпревари почнуваат во 13 часот.

Гостивар со 24 бода барем до утре се проби на 5. место на табелата, додека ѓорчепетровци останаа на 18 бода за во моментов 9. место. зс/ 

Фото: МИА архива

Остани поврзан