• сабота, 23 ноември 2024

Гостиварски печалбар донираше опрема за пожарникарите

Гостиварски печалбар донираше опрема за пожарникарите

Гостивар, 21 октомври 2024 (МИА) – Повеќе пакети со заштитни чевли, униформи и опрема за делување при пожари претпладнево беше доставена во седиштето на гостиварската Противпожарна единица. Станува збор за донација на иселеник од гостиварското село Речане кој три ипол децении живее и работи во Франција.

Јусуф Бајрами, командирот на гостиварската Противпожарна единица нагласи дека оваа донација добредојдена и значително ќе ја подобри ефикасноста на пожарникарите при нивната работа.

Арбен Мемети, кој присуствуваше на примо-предавањето на опремата истакна дека претходно кога доаѓал во родниот крај се заинтересирал преку неговите познаници каде има потреба да се помогне. При реализацијата тој добил поддршка од хуманитарното здружение „Ринија“ од Речане.

- Кога доаѓам се среќавам со мои другари, меѓу кои има и пожарникари. Исто како и други печалбари сакам да направам нешто добро родниот крај. Пожарникарите вршат одговорна работа и ним им се потребни работи и опрема како што ја имаат во западните земји, рече Мемети.

Благодарност за гестот изрази и вд градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани кој напомена дека помошта на сограѓаните кои работат во странство е добредојдена, со што како што рече, тие придонесуваат за подобро општество и подобар град.

На примо - предавањатто на донацијата, градоначалникот се запозна со состојбата во противпожарната единица, каде како што беше речено неопходна е набавка на уште едно специјализирано возило за интервенции при пожари.

Моментно во единицата има шеесет вработени, а според територијата која ја покрива и обемот на работа, недостигаат уште дваесет.згм/

Фото: МИА

 

Остани поврзан