• недела, 22 декември 2024

Горниот дом на рускиот Парламент ги забрани операциите за промена на полот

Горниот дом на рускиот Парламент ги забрани операциите за промена на полот

Москва, 19 јули 2023 (МИА) - Горниот дом на рускиот Парламент денеска едногласно го одобри законот со кој се забрануваат операции за промена на полот, со дополнителни клаузули кои ги поништуваат браковите во кои едно лице „го променило полот“ и им забранува на трансродовите лица да станат згрижувачи или посвоители.

Останува претседателот Владимир Путин да го потпише законот.

Законот забранува какви било „медицински интервенции насочени кон промена на полот на лицето“ и промена на полот во официјалните документи и јавните евиденции.

Пратениците ја опишуваат мерката како заштита на Русија од „западната антисемејна идеологија“ 

Во 2013 година, Кремљ го усвои првиот закон за ограничување на правата на ЛГБТК+ - законот за „геј пропаганда“, кој забранува какво било јавно одобрување на „нетрадиционални сексуални односи“ меѓу малолетници. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан