• недела, 22 декември 2024

Голем интерес за интернационалниот натпревар за најдобри вина во Кавадарци, мостри се доставуваат до петок 

Голем интерес за интернационалниот натпревар за најдобри вина во Кавадарци, мостри се доставуваат до петок 

Кавадарци, 28 јануари 2024 (МИА) - Голем е интересот за интернационалниот натпревар за најдобри вина во Кавадарци, мостри за оценување се доставуваат до петок, информираа вечерва од Здружението за промоција на производи од грозје и вински туризам „Винотек“, кое го организира овој настан во соработка со Винскиот музеј, под покровителство на градоначалникот и локалната самоуправа.

Натпреварот се организира во чест на Денот на лозарите и винарите „Свети Трифун“. 

- Станува збор за интернационална дегустација и оценување на вина произведени од регистриран производители, мали винарии и домашни индивидуални производители. Ќе има повеќе категории за оценување. Млади вина од берба 2023 и тоа бели, розе и црвени, бели, розе и црвени мирни вина и најдобро странско вино, појаснуваат организаторите. 

Нагласуваат дека оценувањето на квалитетот ќе го врши стручна комисија. Ќе се оценуват сите доставени мостри, а ќе се доделат пехари, медали, дипломи и награди на најдобро оценетите три вина од секоја категорија. свд/бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан