Голем земјотрес регистриран во Карипско Море издадено предупредување за цунами
- Голем земјотрес со интензитет од 7,6 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран северно од Хондурас во Карипско Море
Тегусигалпа, 9 февруари 2025 (МИА) – Голем земјотрес со интензитет од 7,6 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран северно од Хондурас во Карипско Море.
Епицентарот на земјотресот бил на околу 200 километри југозападно од Џорџ Таун на Кајмански Острови на длабочина од 10 километри.
По земјотресот издадено е предупредување од појава на цунами на територијата на Порторико и Дествените Острови.
Тоа е најголем земјотрес во регионот од 2021 година, кога земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Хаити. ми/
фото: МИА архива