Швајцарците против воведување построги еколошки правила во економијата
- Околу 70 отсто од гласачите во Швајцарија на денешниот референдум го отфрлија прдлого за воведување построги еколошки правила за економијата, покажуваат првичните резултати шти ги пренесува ДПА.
![Швајцарците против воведување построги еколошки правила во економијата](https://mia.mk/images/20250209143225_big_730x400_43.webp )
Женева, 9 февруари 2025 (МИА) - Околу 70 отсто од гласачите во Швајцарија на денешниот референдум го отфрлија прдлого за воведување построги еколошки правила за економијата, покажуваат првичните резултати шти ги пренесува ДПА.
Според податоците на институтот GfS.Bern, помалку од една третина од гласачите го поддржаа предлогот на младинското крило на швајцарската Партија на зелените.
Предлогот имаше за цел да обезбеди дека економските активности на Швајцарија, во рок од 10 години, ќе трошат само онолку ресурси и ќе испуштаат онолку загадувачи колку што природата може одржливо да поднесе.
Швајцарската влада се спротивстави на предлогот, предупредувајќи дека неговото усвојување на денешниот референдум може да доведе до наметнување на тешки обврски за бизнисите, ограничување на потрошувачката и зголемување на цените.
Не се соопштени информации за излезноста на гласачите. Избирачките места се затворени во 12 часот. по локално време, но над 90 отсто од гласачите во Швајцарија гласаат по пошта, пренесува ДПА.са/
Фото: ЕПА