• понеделник, 10 февруари 2025

Трамп телефонски разговарал со Путин

Трамп телефонски разговарал со Путин

Вашингтон, 9 февруари 2025 (МИА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за „Њујорк пост“ изјави дека телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната во Украина, објави „Њујорк пост“.

Трамп запрашан колку пати разговарал со Путин, истакна дека е „подобро да не кажува“.

- Тој (Путин) сака да види дека луѓето ќе престанат да умираат, посочи Трамп.

Трамп за „Њујорк пост“ истакна дека „отсекогаш имал добри односи со Путин“ и дека има конкретен план за ставање крај на војната, но, не откри повеќе детали.

- Се надевам дека ќе биде брзо. Луѓето умираат секој ден. Оваа војна е толку лоша за Украина. Сакам да заврши оваа проклета работа, истакна Трамп.

Минатиот месец портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Путин е подготвен телефонски да разговара со претседателот на САД.

Трамп најави и средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој се осврна и на Иран, истакнувајќи оти преферира да склучи договор за иранската нуклеарна програма

- Би сакал договор пред да ги бомбардирам … Тие не сакаат да умрат. Никој не сака да умре … Ако склучиме договор, Израел нема да ги бомбардира, наведе американскиот претседател.

Но, тој не открие детали за можните преговори со Иран и одби да каже што ќе му понуди на Техеран за возврат.

- Не можам да го кажам тоа бидејќи е премногу непријатно. Нема да ги бомбардирам, истакна Трамп. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан