• среда, 20 август 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Израелската армија се повлече од коридорот Нецарим во Појасот Газа

Израелската армија се повлече од коридорот Нецарим во Појасот Газа

Газа, 9 февруари 2025 (МИА) – Израелската војска се повлече од коридорот Нецарим, што минува низ Појасот Газа, како дел од Догворот за прекин на огнот, соопшти Хамас.

Неименуван израелски претставник потврди дека израелската армија се повлече од своите позиции во центарот на енклавата. Израелската војска претходно го намали своето присуство во областа.

Хамас повлекувањето на израелската армија од коридорот Нецарим го слави како своја победа.

Коридорот Нецарим, долг 6,4 километри, лоциран јужно од градот Газа, беше под контрола на израелската армија уште од првите месеци од инвазијата врз енклавата. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан