• среда, 26 март 2025

Голем број Македонци присуствуваа во Корча на првата Литургија одржана од г. Јован како поглавар на албанската црква

Голем број Македонци присуствуваа во Корча на првата Литургија одржана од г. Јован како поглавар на албанската црква

Дебар, 24 март 2025 (МИА) - Голем број Македонци од округот Корча присуствувале на Светата Божествена Литургија  во црквата "Воскресение Христово" во Корча, прва одржана од новиот поглавар на албанската црква г. Јован.

Меѓу нив бил и свештеникот од Пустец Алексо Темелко и Васил Стерјовски, лидер на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). 

-Особено задоволство беше, заедно со отец Темелко и голем број Македонци,  да присуствувам на литургијата во црквата „Воскресение Христово“ во Корча, на првата литургија како Архиепископ на Неговото Блаженство, Јован, избраниот архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија. Бакнувајќи му рака му посакав успех во неговата нова должност, објави Стерјовски на Фејсбук.

Поглаварот г.Јован 27 години беше прв човек на митрополијата во Корча и со претставниците на партијата имаа добри односи, соработка и меѓусебна почит, што ја негуваше и кон сите Македонци.

-Архиепископ Јован даде исклучителен придонес како Митрополит на Корча за православната вера, за македонската заедница во областа на Корча и за почитувањето на богослужбата на македонски јазик во Корчанската митрополија. Историски и духовен момент што не се заборава, напиша Стерјовски.

Под закрила на Митрополијата во Корча е и областа Мала Преспа, населена со Македонци, кои во голем број ги има и во Корча и други населени места во овој округ. вт/сст/


Фото: Стерјовски ФБ

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан