• петок, 19 јули 2024

Голден Стејт очекуваат Кари да се врати следната недела

Голден Стејт очекуваат Кари да се врати следната недела

Сан Франциско, 2 март 2023 (МИА) – Ѕвездата на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, се очекува да се врати на теренот откако ја санира повреди на левата нога.

 

Кари беше надвор од терените од 4 февруари со делумно скинати лигаменти и набиена лева потколеница при судир со кошаркар на Далас маверикс.

 

Вориорс претходно соопштија дека Кари напредува во процесот на рехабилитација. Двократниот МВП на НБА треба да има уште еден преглед оваа недела. 

 

Следни натпревари на Голден Стејт се против Лејкерс в недела, потоа игра со Оклахома во вторник и со Мемфис во четврток. 

 

Во февруари, Вориорс без повредениот Кари имаат пет победи и четири порази. Голден Стејт е бранител на трофејот во НБА-лигата. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан