• недела, 22 декември 2024

Годишната стапка на инфлацијата во САД се намали на 2,9 отсто во јули, и е најниска од 2021 година

Годишната стапка на инфлацијата во САД се намали на 2,9 отсто во јули, и е најниска од 2021 година

Вашингтон, 14 август 2024 (МИА) - Годишната стапка на инфлацијата во САД во јули се намали четврти месец по ред, овој пат од три отсто во јуни на 2,9 отсто и сега е најниска од 2021 година, објави денеска Американското биро за статистика на трудот.

Експертите очекуваа инфлацијата да остане непроменета на три проценти во јули.

Транспортот во САД порасна за 8,8 отсто на годишно ниво, а цените на становите за 5,1 отсто, и во двата случаи со побавно темпо од минатиот месец.

Цените на храната пораснале за 2,2 отсто на годишно ниво, исто како и во јуни, а енергенсите пораснале само за 1,1 отсто, бидејќи бензините паднале за 2,2 отсто на годишно ниво.

Годишната стапка на базичната инфлација во САД во јули се намали на 3,2 отсто од 3,3 отсто во јуни и сè уште е најниска од април 2021 година.

На месечна основа, инфлацијата во САД се зголеми за 0,2 отсто во однос на јуни, во согласност со очекувањата. рп/

Фото: Скриншот

Остани поврзан