• петок, 26 јули 2024

Годинашното издание на Скопје Опен воедно и Балканско првенство во шах

Годинашното издание на Скопје Опен воедно и Балканско првенство во шах

Скопје, 18 октомври 2023 (МИА) – Годинашното издание на традиционалниот турнир Скопје Опен воедно ќе биде и Балканско првенство, објави денеска Шаховската федерација на Македонија (ШФМ).

Скопје Опен 2023 ќе се одржи од 5 до 12 декември во организација на Шаховскиот сојуз на Град Скопје, а со поддршка на ШФМ, Светската шаховска федерација (ФИДЕ), Агенцијата за млади спорт и Балканската шаховска федерација.

-Турнирот ќе биде поделен во две категории, Опен А за шахисти со над 2.000 рејтинг поени и Опен Б за шахисти до 2.000 рејтинг поени, а за прв пат Скопје Опен ќе претставува и официјално Балканско првенство за оваа година, соопшти ШФМ.

Наградниот фонд на Скопје Опен 2023 изнесува 15.050 евра, а предвидени се дополнителни награди за најдобро пласираните шахисти од федерациите членки на Балканската шаховска федерација. ег/вј/ 

 

Фото: Фејсбук

 

Остани поврзан