• среда, 07 јануари 2026

Главната вечер на Струмичкиот карневал ќе се одржи на 21 февруари

Главната вечер на Струмичкиот карневал ќе се одржи на 21 февруари

Струмица, 5 јануари 2026 (МИА) - Годинашново издание на Струмичкиот карневал ќе се одржи од 18 до 25 февруари, а Главната вечер ќе се одржи на 21 февруари (сабота), информираше претседателката на Организацискиот одбор на Карневалот, Танкица Стојанова,на денешниот брифинг со новинарите.

Се планира традиционално карневалските празнувања да почнат со свечено предавање на клучот од градот од градоначалникот на карневалистите, а останата програма, освен за Главната вечер, Организацискиот одбор ќе ја соопшти на наредните денови.

Според Стојанова, не се планираат некои поголеми програмски измени, а засега е извесно дека годинава нема да се одржи традиционалниот Концерт под маски на учениците од Музичкото училиште „Боро Џони“.

-Останатите манифестации ќе се одржат како и досега, но останува да се утврдат програмските содржини и наскоро ќе биде објавена програмата, рече Стојанова.

Инаку, секоја година Струмичкиот карневал се одржува на различна дата, бидејќи неговото одржување се врзува со почетокот на големиот велигденски пост.рт/хс/

Фото: МИА архива

Остани поврзан