• сабота, 20 јули 2024

Германија предупредува на „реален“ ризик од исламистички напади поради војната меѓу Израел и Хамас

Германија предупредува на „реален“ ризик од исламистички напади поради војната меѓу Израел и Хамас

Берлин, 29 ноември 2023 (МИА) - Шефот на разузнавањето во Германија, Томас Халденванг денеска предупреди дека ризикот од исламистички напади е „реален и поголем отколку што беше веќе долго време“ поради конфликтот меѓу Израел и Хамас.

„Сега се појавува нов квалитет - гледаме повици во џихадистичките спектри за напади и Ал Каеда и ИД да се вклучат во конфликтот на Блискиот Исток“, нагласи Халденванг.

Тој додаде дека властите ја зајакнуваат безбедноста на еврејските институции и големите настани. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан