• петок, 05 декември 2025

Германија планира да купи уште 15 американски борбени авиони Ф-35

Германија планира да купи уште 15 американски борбени авиони Ф-35

Берлин, 11 јули 2025 (МИА) – Германија планира да набави дополнителни 15 борбени авиони Ф-35 од САД, со што вкупната флота на овие авиони ќе се зголеми од 35 на 50, објави „Политико“, повикувајќи се на извори запознаени со прашањето.

Разговорите меѓу Берлин и Вашингтон, кои досега не беа јавно објавени, се водат во време на тензии меѓу Германија и Франција околу заедничкиот проект за борбен авион ФЦАС (Future Combat Air System).

Франција, според претходни извештаи, сега бара 80 отсто удел во развојот, што предизвика незадоволство во Берлин.

– Решени сме конечно да го разјасниме ова прашање во следните неколку месеци, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц на средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Проектот ФЦАС се наоѓа во рана развојна фаза, а пробниот лет на новиот авион не се очекува пред 2028 или 2029 година, наведува „Политико“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан