Германија забранува греење на јаглен и кокс
- Во Германија се забрануваат инсталациите за греење на јаглен и кокс, а постоечките ќе мора постепено да се отстрануваат најдоцна до 2045 година
Берлин, 2 јануари 2026 (МИА) – Во Германија се забрануваат инсталациите за греење на јаглен и кокс, а постоечките ќе мора постепено да се отстрануваат најдоцна до 2045 година.
За сопствениците на куќи и станови, кои нема да се придржуваат до новите ригорозни правила, предвидени се високи парични казни.
Додека печките на дрва ќе можат да се користат под строги услови односно ќе мора да ги почитуваат високите еколошки стандарди. Ќе може да се користи необработено дрво, а целосно е забрането согорување на пластика, гума, обоено, лакирано или хемиски третирано дрво, како и весници и отпадна хартија. ми/ссм/
фото: МИА архива