• петок, 22 ноември 2024

Германија бара Полска да ги разјасни „сериозните“ обвинувања за визите

Германија бара Полска да ги разјасни „сериозните“ обвинувања за визите

Берлин, 20 септември 2023 (МИА) - Германија побара од полската Влада да ги разјасни „сериозните“ обвинувања за измама со визи, пред изборите во Полска на кои доминираат прашањата за имиграцијата, наведуваат извори во Берлин.

Официјалните лица рекоа дека германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер ја повикала својата полска колешка и дека амбасадорот на Варшава во Берлин бил замолен да се појави во нејзиното Министерство за тоа прашање.  

За време на разговорите, Берлин побара од Полска да обезбеди „брзо и целосно разјаснување“ на „сериозните“ обвинувања, јавија германските медиуми. мс/

фото: МИА архива

 

 

 

 

Остани поврзан