• сабота, 21 декември 2024

Герила-акција на Левица при посетатата на бугарскиот премиер Кирил Петков

Герила-акција на Левица при посетатата на бугарскиот премиер Кирил Петков
Скопје, 18 јануари 2022 На денешната официјална средба со бугарскиот премиер, Кирил Петков, младинската организација на Левица упати порака до премиерот кој го негира постоењето на Македонците во Бугарија. Владата на Кирил Петков ги продолжува негаторските политики на неоврховизмот кон Република Македонија, додека Владата на Ковачевски, доколку имаше државотворен капацитет, веднаш ќе ја откажеше средбата после срамната изјава на Петков за непостоење на македонско малцинство. Владата на Република Македонија има уставна должност да се грижи за правата на Македонците во соседните држави, а за шовинистичките политики на бугарските власти говорат 16 пресуди на Европскиот суд за човекови права за кршење на човекови права на македонското малцинство. Лицемерието на европската дипломатија спрема Македонија продолжува, која премолчено го одобрува ваквото брутално кршење на човекови права, додека користи перфидни методи за притисок и уцени врз македонскиот народ. На мирниот протест, членовите на Левица со транспарент беа легитимирани од полицијата и задржани повеќе од половина час, како своевиден притисок од органите на прогонот при изразување на правото на мирен протест. За потсетување, пред само неколку дена, неофашистички групации парадираа сред Скопје со знамиња на Цар Борис, заштитени со придружба од полицијата на Оливер Спасовски! Политичка партија Левица ———————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан