• четврток, 03 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Герасимовски: Центар е прва општина што обезбеди нега на стари лица во домашни услови

Герасимовски: Центар е прва општина што обезбеди нега на стари лица во домашни услови

Скопје, 10 март 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска се сретна со возрасните центарци од пензионерскиот клуб „Гоце Делчев“ каде разговараа за нивните секојдневни предизвици, потреби и идеи за подобрување на условите за пензионерите во општината, сооптија од Општина Центар.

Герасимовски, информирал дека за неговиот четиригодишен мандат ги исполнил ветувањата и барањата на пензионерите.

-Во првата година од мандатот, отворивме три нови пензионески клубови и заеднички со пензионерите почнавме да имплементираме нови проекти и да организираме активности. Ние сме првата општина што обезбедивме нега на стари лица во домашни услови, а со новата услуга „Итно копче“ на пензионерите им обезбедуваме помош во итни ситуации, во домашни услови. Во изминатите три години, повеќе од 3.500 пензионери добија еднократна парична помош, а вкупно беа доделени над 10 милиони денари, со што значително се подобри нивниот квалитет на живот. Нашите пензионери се важен дел од заедницата, и затоа е клучно да ги слушнеме нивните предлози и идеи. Продолжуваме да работиме на проекти што ќе им овозможат поголема социјална вклученост, подобри услови во пензионерските клубови и поквалитетен секојдневен живот. Животот е убав во секоја доба, изјавил Герасимовски.

Општина Центар, велат оттаму, останува посветена на поддршката на своите највозрасни сограѓани, со цел да обезбеди активна и сигурна старост за сите. сст/дма/

фото Општина Центар



 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан