• сабота, 05 октомври 2024

Герасимовски: Со новото раководство на КК „Работнички“ влегуваме во нови подвизи и успеси

Герасимовски: Со новото раководство на КК „Работнички“ влегуваме во нови подвизи и успеси
Скопје, 7 март 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска беше домаќин на новиот извршен директор на КК „Работнички“ Горан Веселиновски и новиот претседател на Одборот на директори и поранешен кошаркар, Ненад Атанасов. -На Веселиновски и на новото раководство им посакувам успех и добри резултати во иднина, а јас и Општина Центар, како и досега, ќе даваме поддршка и заедно со сите центарци, ќе го вратиме КК „Работнички“ на старите победнички патеки, изјави по средбата градоначалникот Герасимовски. Новиот директор Веселиновски од 1998 година беше капитен на КК „Работнички“, а во својата 14-годишна професионална кариера, само две сезони не го носеше дресот на „Работнички“. -По резултатската криза која извесно време го имаше зафатено најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, новото раководство, со поддршка на Општина Центар, има за цел да го врати КК „Работнички“ на местото каде што припаѓа – во врвот на македонската кошарка, се наведува во соопштението од Општина Центар. мд/дма/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан