Герасимовски: Реконструкцијата на салата Работнички во завршна фаза
- Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните активности во спортската сала „Работнички“, придружуван од Атлетската федерација на Македонија, Велосипедската федерација, Училишниот спортски сојуз, Шаховската, Одбојкарската, Карате, Џудо и Кајак федерациите, како и од ЗСД „Работнички“ и ОК „Работнички“.
Скопје, 22 октомври 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните активности во спортската сала „Работнички“, придружуван од Атлетската федерација на Македонија, Велосипедската федерација, Училишниот спортски сојуз, Шаховската, Одбојкарската, Карате, Џудо и Кајак федерациите, како и од ЗСД „Работнички“ и ОК „Работнички“.
При увидот, како што информираат од Општина Центар, било констатирано дека 80 проценти од реконструкцијата се завршени.
Од Општината појаснуваат дека е поставен централен семафор, а целосно се завршени осветлувањето и озвучувањето во салата. Се комплетираат трибините. Сите приоди се изведени, тоалетите се целосно опремени, се прават подготовки за поставување подно греење, а инсталациите и горниот простор наменет за федерациите се финализираат.

-По 50 години, Работнички добива нов лик и нови услови за спортски активности, согласно ФИБА стандардите. Федерациите конечно ќе добијат современи услови за работа, а нашите кошаркари место за тренинг и натпревари. Скопје добива модерна спортска сала, КК Работнички свој дом, вели градоначалникот Герасимовски.
Со завршувањето на реконструкцијата, салата „Работнички“ ќе стане современ спортски центар, со уреден терен, нови трибини, функционални соблекувални и административен дел за спортските федерации. сст/дма/
Фото Општина Центар