• сабота, 16 ноември 2024

Генерал Рајмунд Анджејчак: Ние едноставно немаме веќе муниција за Украина

Генерал Рајмунд Анджејчак: Ние едноставно немаме веќе муниција за Украина

Варшава, 28 април 2023 (МИА) - Полска веќе не може да ја обезбедува муницијата што и е потребна на Украина, додека Русија има ресурси да ја продолжи војната, предупредува началникот на Генералштабот на полската армија, генерал Рајмунд Анджејчак .

На стратешки состанок на Бирото за национална безбедност генералот Анджејчак кажа дека е песимист кога политички ќе ја анализира војната во Украина.

Ова, објасни тој, е затоа што „нема ништо што сугерира дека на Русија ќе и недостасуваат ресурси за продолжување на конфликтот“, пренесоа полските медиуми.

За време на седницата полскиот генерал кажа дека не чувствува дека санкциите ќе ги намалат ресурсите на Русија, што ќе го оневозможи продолжувањето на војната.

Генералот направи и проценка за способноста на Полска да испрати муниција во Украина.

-Ние едноставно немаме муниција. Нашата индустрија не е подготвена да испрати опрема во Украина и да ги одржува сопствените резерви што се намалуваат, рече тој.

Генералот додаде дека „војната не е работа на војникот, туку тоа е пред се прашање на политиката, со економските фактори шти ги вклучуваат финансиите, инфраструктурата, технологијата, храната и мноштвото други прашања што треба да ги вклучите во равенката за да ги разберете“.

Тој, исто така, кажа дека нема индикации дека Украинците кои ја напуштиле својата земја ќе се вратат дома за да почнат со реконструкција, додавајќи дека верува дека самитот на НАТО во Вилнус ќе биде „самит што ќе го дефинира нашиот кредибилитет, на НАТО и на целиот Запад“.

Доколку одговорот „доцни“ и нема доволно одлучност, Украина ќе остане без никакви шанси за иднината. сд/

Остани поврзан