Гвардиола: Халанд се чувствува подобро отколку на почетокот на минатата сезона
- Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола верува дека Ерлинг Халанд имал добро лето.
Манчестер, 19 август 2024 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола верува дека Ерлинг Халанд имал добро лето.
Во вчерашниот натпреварот од 1. коло на Премиер лигата против Челзи (2:0), Халанд го отвори резултатот во 18. минута.
-Сигурен сум дека Халанд се чувствува подобро отколку на почетокот на минатата сезона. Оваа година Норвешка не играше на Европското првенство, па тој имаше повеќе време за одмор. Голот беше одличен. Тој придонесе во многу аспекти на играта. Имаше две-три шанси. Во исто време, секогаш имам впечаток дека има простор да расте, изјави Гвардиола.
Норвешкиот напаѓач го одигра својот 100. натпревар за Сити и го постигна 91. гол за клубот. зс/
Фото: ЕПА